Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајцата насилници од Штип кои тепаа девојка ја признаа вината, пресуда в четврток

Двајцата насилници од Штип кои тепаа девојка ја признаа вината, пресуда в четврток

Двајцата насилници за кои беше објавено како во Штип тепаат 21 годишна девојка во влез на станбена зграда денеска пред судот ја признаа вината и изразија каење. 

На 30 април е веќе и закажано рочиште за објавување на пресудата

Адвокатот Валентин Зафиров по денешното судско рочиште во штипскиот Основен суд истакна дека обвинетите кои ги застапува се подготвени да платат надомест како обештетување.

- Се случило во момент на неразбирање. Свесни се за последиците. Тоа е тоа, праќаат јасна порака дека во иднина ниту тие ќе прават такво нешто, ниту би посакале било кој друг да го прави тоа, изјави правниот застапник..

Настанот се случил во месец јануари, но видео снимката беше објавена на социјалните мрежи на 2 април, по што полицијата веднаш ги лоцираше момчињата, а судот во два наврати на барање на обвинителот им определи мерка притвор. 

Двајцата штипјани на возраст од 23 и 26 години се обвинети за насилство и се притворени во затворот во Куманово.

Слично

Поврзани вести