Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца жители на Десово до смрт претепале човек

Двајца жители на Десово до смрт претепале човек

Жители на Десово до смрт претепале човек од Кичево. 

Полицајци од ОВР Прилеп вчера ги лишиле од слобода А.Ѓ.(29) и Д.Ѓ.(67) од селото Десово, општина Долнени. Тие се сомничат дека ден претходно во селото Десово физички го нападнале  Р.Л.(48) од Кичево и му нанеле тешки телесни повреди од кои подоцна починал.  Р.Л. е пронајден починат на 20 март во куќа во селото во која привремено живеел. Смрт со повреди на главата и телото констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршиле увидна екипа на ОВР Прилеп и Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Слично

Поврзани вести