Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца возачи тешко повредени во сообраќајка на патот Ресен-Охрид

Двајца возачи тешко повредени во сообраќајка на патот Ресен-Охрид

Двајца возачи се тешко повредени во сообраќајката која синоќа околу 20 часот се случи на магистралниот пат Ресен-Охрид, кај селото Крушје.

Во несреќата учествувале „Лада“ во вевчански регистерски ознаки управувана од С.П. (39) и автомобил „Опел“ со охридски таблички управуван од  Љ.Ч.(42) од Охрид.

Љ.Ч. е пренесен во „Св. Еразмо“ од каде по укажаната лекарска помош е препратен во Клиничкиот центар во Скопје, а С.П. е пренесен и задржан на лекување на битолската болница.

Сообраќајот до завршувањето на увидот беше во прекин во двата правци.

Слично

Поврзани вести