Двајца стружани „заработија“ кривични затоа што предизвикале пожари
Надлежните поднесоа кривични пријави за двајца стружани за предизвикување пожари.
Секторот за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против Н.Ц. (42) од Струга поради постоење основани сомненија за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
„На 20 април 2025 година, на својата нива во близина на регионалниот пат Струга-Калиште, тој запалил отпад, по што пожарот се проширил на штала и ниска вегетација. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга. Исто така, поднесена е кривична пријава против Ф.С. (59) од село Ливади во Струшко поради постоење основани сомненија за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 08 јули 2025 година, додека обработувал нива во атарот на истото село, предизвикал пожар кој брзо се проширил на соседните ниви засадени со житни култури, како и на блиската депонија“, информираат од полицијата.
Во Македонија летово има пожари.
