Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца струмичани паднале од мост

Двајца струмичани паднале од мост

Двајца струмичани завршиле во болница откако паднале во бездна, вчера во Струмица, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 17 часот на рекреативната патека кон црквата „Свети Илија“. Тогаш лицата Б.К.(57) и М.С. (63) по минувањето на мостот кај место викано „Црвен Дол“, во еден момент се лизнале и паднале во провалијата под мостот.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица лицата биле извлечени од провалијата и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица, каде им биле констатирани тешки телесни повреди.

Поради сериозноста на повредите Б.К. потоа бил префрлен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување.


Слично

Поврзани вести