Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца странци се повредени во сообраќајна несреќа во Охрид

Двајца странци се повредени во сообраќајна несреќа во Охрид

Во сообраќајна несреќа во Охрид се повредени двајца странци. 

Станува збор за Романец и Молдавка.  Пред три дена во 22.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Болницата „Св.Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди се донесени М.Ц.(63) од Романија и Т.Ц.(60) од Р.Молдавија. Околу 18.00 часот М.Ц., кој управувал моторно возило четирицикл „цфмото“, со охридски регистарски ознаки, во кое сопатничка била Т.Ц., на место викано „Крстец“ кон селото Велестово изгубил контрола над возилото и излетале надвор од коловозот. Полицијата изврши увид на местото на настанот. 

Слично

Поврзани вести