Двајца скопјани застрелани во нивниот апартман во Ханиоти
Убиство се случило во раните утрински часови денеска во Ханиоти, Халкидики. Конкретно, околу 3:30 часот по локално време биле застрелани две лица од Скопје. Тие веднаш биле пренесени во Здравствениот дом на кракот Касандра. Еден од двајцата, 39-годишен паднал мртов, додека неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди во болницата Полигирос.
Според она што го објавија грчките медиуми, помладиот се вика Орхан Бајрами, а постариот е Сеад Слезовиќ.
Според очевидци, двајца непознати лица со качулки на мотор се приближиле до апартманот во кој престојувале и пукале во нив. Полициската управа Полигирос спроведува прелиминарна истрага.
Мотивите засега се непознати, а полицијата го истражува случајот.
Слично
