Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВАЈЦА СКОПЈАНИ УАПСЕНИ ЗА НЕЛЕГАЛНО ПОСЕДУВАЊЕ ОРУЖЕ - веќе им е одреден притвор, еве за што ги теретат

ДВАЈЦА СКОПЈАНИ УАПСЕНИ ЗА НЕЛЕГАЛНО ПОСЕДУВАЊЕ ОРУЖЕ - веќе им е одреден притвор, еве за што ги теретат

Големи количини на оружје се пронајдени во дом во Скопје, при што две лица се уапсени и одреден им е притвор. 

Двајцата уапсени се од Скопје и против нив е покрената кривична пријава за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ откако им е откреино оружје и муниција.

- Секторот за борба против тероризам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на БЈБ при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицата А.М. (58) и А.М. (28), двајцата од Скопје, а поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело - „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Имено вчера (29.08.), врз основа на претходно издадена Судска наредба, беше извршен претрес во домот каде престојуваат пријавените, при што беа пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривично дело и тоа: пиштоли, пушка, поголема количина на муниција од различен вид на оружје и тоа калибар 357mm, 7.62x39mm, 7.62 x 25mm, 9mm и ловни патрони 12-ка, како и импровизирана експлозивна направа. 

Од страна на Судија на претходна постапка, на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена - се наведува во објавата на МВР. 


Фото: Принтскрин/МВР/Фејсбук

Слично

Поврзани вести