ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВАЈЦА МЛАДИ СКОПЈАНИ ДИВЕЕЛЕ ВО ОХРИД: Едниот фатен со бела прашкаста материја, другиот возел пијан

ДВАЈЦА МЛАДИ СКОПЈАНИ ДИВЕЕЛЕ ВО ОХРИД: Едниот фатен со бела прашкаста материја, другиот возел пијан

Двајца млади скопјани се најдоа во билтенот на СВР Охрид. Ги казниле, затоа што направиле прекршоци, едниот со алкохол, другиот со бела прашкаста материја.

„Денеска (20.07.) во 01,40 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид и Единицата за брзо распоредување при МВР, од слобода го лишија М.Х.(21) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Ауди“ со скопски регистарски ознаки што, тој го управувал и при извршено алкотестирање, констатирално е дека имал 1,78 промили алкохол во крвта. Лицето веднаш е исклучено од сообраќај.
Денеска (20.07.) во 02.30 часот, на паркинг простор од ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен е М.В.(23) од Скопје. При извршен преглед, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја“, стои во билтенот на МВР.

И за двајцата, по документирање на предметите, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ad
Слично

Поврзани вести