Двајца се повредени откако се превртел трактор во пробиштипско
Во околината на Пробиштип се превртел трактор при што има двајца повредени.
На регионалниот пат на место викано Пударница, во атарот на селото Турско Рудари, трактор “имт 539“ без регистарски таблички, управуван од С.П.(48) од селото Злетово, излетал од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а телесни повреди има малолетниот сопатник. Тие се примени во Клиничката болница во Штип. Екипа од Полициската станица Пробиштип изврши увид на местото на несреќата.
Слично
