Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ПОЗИТИВНИ: Сепак ниту еден од нивните колеги нема да оди во изолација

ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ПОЗИТИВНИ: Сепак ниту еден од нивните колеги нема да оди во изолација

Oткако двајца пратеници беа позитивни, сепак нивни колеги пратеници нема да одат во изолација. 

Ниту еден од пратениците кои биле во контакт со Лазе Таневски и Исмаил Јахоски нема да оди во изолација. Центарот за јавно здравје во Скопје ги заврши анкетите и проценката е дека немало ризик, објави ТВ24.

„Мерките за заштита биле почитувани, констатиравме дека нема потреба од изолација за други пратеници или вработени во собраниските служби“ – вели Александар Стојанов – директор на ЦЈЗ, за ТВ 24.

Јахоски е хоспитализиран на Инфективната клиника, а Лазе Танески е изолиран во домашни услови.

Владата ќе работи онлајн, а истото се препорачува за Собранието. 

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека пратениците треба да работат онлајн поради новонастанатата ситуација. 

Болниците се полни, а бројот на заразени од коронавирус од ден на ден расте. 

Слично

Поврзани вести