Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВАЈЦА ПОВОЗРАСНИ МАЖИ ОД МАКЕДОНИЈА, УАПСЕНИ ВО ХРВАТСКА: Направиле повеќе измами и тешка кражба од 200.000 куни

ДВАЈЦА ПОВОЗРАСНИ МАЖИ ОД МАКЕДОНИЈА, УАПСЕНИ ВО ХРВАТСКА: Направиле повеќе измами и тешка кражба од 200.000 куни

Хрватската полиција во Сплит уапси двајца постари државјани на Македонија под сомнение дека извршиле пет измами и тешка кражба, предизвикувајќи материјална штета од 200.000 куни. Станува збор за 76-годишен маж и 68-годишен маж од Северна Македонија кои извршиле пет кривични дела-измама во август и септември на подрачјето на Сплит, Трогир и Примоштен.

Фатени се откако двајцта Македонци извршиле тешка кражба кога, во реонот на Дубровник, а како што пишува Индекс.хр, извлекле пари буквало од раката на само еден од повеќето оштетени хрватски државјани, кој се посомнева во вистинитоста на нивната приказна, и заминале во непознат правец. Проценетата материјална штета од неколкуте кривични делкои ги сториле се проценува на околу 200.000 куни.

За време на кривичната истрага, извршено е претрес на лично возило и стан во областа Омиш, користени од осомниченото дуо, а по тој повод се пронајдени поголема сума на пари, неколку лажни златни часовници и неколку катанци.

76-годишникот и 68-годишникот се предадени на надзорникот за притвор под сомнение дека сториле пет кривични дела-измама и кривично дело тешка кражба.


Слично

Поврзани вести