Двајца повозрасни Македонци се удавија во Албанија
Двајца туристи од Македонија се удавија во Албанија.
Во Албанија утрово се евидентирани вкупно три жртви од давење во море. Две лица од Македонија се удавија на плажата во Спиле. Полицијата информираше дека станува збор за две повозрасни лица: М. М. (79г.) и Ц. М. (78г.) кои дошле на одмор од Македонија. Се смета дека причина за давењето се високите бранови. Инцидентот се случил околу 11:25 часот, додека истражниот тим работел на расветлување на околностите за настанот.
Слично
