Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца полицајци - роднини на политичари, се тепале пред полициска станица во Тетово

Двајца полицајци - роднини на политичари, се тепале пред полициска станица во Тетово

Полициски службеник нападнал друг полицаец пред полициска станица во Тетово, објави МВР.

Вчеравечер во 21:30 часот, Ф.Х.(44) од тетовското село Пирок во СВР Тетово пријавил дека околу 16 часот, пред влезот во дворот на СВР Тетово, физички бил нападнат од Д.Л.(39) од Тетово поради нивни претходни приватни недоразбирања.

Со двајцата полициски службеници на СВР Тетово е извршен службен разговор, а во расчистување на случајот вклучен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Претходно Алсат објави дека станува збор за Даут Лика кој го нападнал колегата Фитим Хасани.

Според информации на Алсат, станува збор за баналната расправија на роднини на поранешни политичари. Нетрпеливоста, според првичните податоци, датира одамна. 



Слично

Поврзани вести