Двајца полицајци повредени додека го гонеле за доиздржување затворска казна
Полицијата соопшти дека е приведен криминалец од Љуботен баран со потерница, кој при неговиот обид да го избегне запирањето полесно повредил двајца полицајци.
„На 12.07.2021 во 14.30 часот во Скопје, на ул.„Љуботенски пат“, од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода - Отсек потраги, во содејство со Единица за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Р.С.(40) од с.Љуботен, скопско, кој управувал патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки.
Притоа, при запирањето, Р.С. удрил со возилото двајца полициски службеници, кои се здобиле со полесни повреди.
Р.С. бил совладан и предаден во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка, по што ќе биде предаден во казнено-поправна установа за доиздржување на казната“, соопшти МВР.
За него биле распишани централна и меѓународна потерница за доиздржување на казна затвор од 2 години 11 месеци и два дена. Р.С. е осуден на вкупна затворска казна од 5 години и 8 месеци.
Слично
