Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ НАТЕПАНИ СО ШЛАКАНИЦИ И ТУПАНИЦИ ОД БРАЌА ОД ВЕЛЕШТА - напомош им дошле други колеги

ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ НАТЕПАНИ СО ШЛАКАНИЦИ И ТУПАНИЦИ ОД БРАЌА ОД ВЕЛЕШТА - напомош им дошле други колеги

Основното јавно обвинителство Струга повело постапка против две лица за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

„Двајцата браќа од струшко Велешта, на возраст од 24 и 18 години, на 15 јуни заеднички нападнале двајца полициски службеници од ОВР Струга кои вршеле контрола на патниот сообраќај. Притоа, осомничените ги удирале полициските службеници со шамари и тупаници и им нанеле телесни повреди. За да се совладаат осомничените на помош кон нападнатите полицајци притекнале уште тројца нивни колеги“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Струга доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени заради можноста да го повторат делото или да се дадат во бегство. 

Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на обвинителството и на осомничените им определил притвор во траење од осум дена.​​

Слично

Поврзани вести