Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца починати при пад на кран во Кавадарци

Двајца починати при пад на кран во Кавадарци

Две лица починаа при пад на кран во Кавадарци, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Информацијата ја потврдија и од Основното јавно обвинителство во Кавадарци од каде велат дека несреќата се случила на локација каде се гради зграда.

На местото на несреќата се присутни јавен обвинител, увидна екипа и трудова инспекција.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Смртта на двете лица е констатирана од страна на екипа на Брза помош.

Слично

Поврзани вести