Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВАЈЦА ПОЧИНАА: Потврдени 18 нови случаи на Ковид 19

ДВАЈЦА ПОЧИНАА: Потврдени 18 нови случаи на Ковид 19

Двајца починаа, а потврдени 18 нови случаи на Ковид 19 во земјава. 

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот.

Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома.

На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ примени се 4 нови суспектни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и суспектни на Ковид-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои 8 се во тешка состојба,  а 3 пациенти се на респираторна машина.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:


Скопје – 261
Куманово – 130
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп – 38
Тетово – 29
Струга – 28
Велес – 10
Битола – 8
Охрид – 3
Кавадарци – 3
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 18

Слично

Поврзани вести