ДВАЈЦА ПЕШАЦИ И ВЕЛОСИПЕДИСТ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ - Меѓу нив и малолетник
Во текот на вчерашниот ден во земјава се случиле неколку сообрќајни незгоди во кои се повредени пешаци и велосипедист.
Дел од нив се здобиле со тешки повреди, дел со полесни, а сообраќајни незоди имало во Прилеп и Тетово при што се повредени малолетник и двајца возрасни, еден на 28, а другиот на 35 години.
Како што наведува МВР во билтенот, вчера напладне во Прилеп ауди удило велосипедист кој со тешки повреди завршил во градската болница.
- На 30.06.2023 во 13.42 часот било пријавено дека во Прилеп на крстосницата од ул.„Борка Медаро“ со ул.„Димче Карески“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(35) од Прилеп и велосипед управуван од малолетник од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп - се наведува во билтенот.
МВР исто така инфомраше дека вчера имало сообраќајка и на патот Скопје -Тетово, во која бил повреден жител на Леарце.
- На 30.06.2023 во 17.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово кај с.Групчин патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(30) од с.Копачин дол-тетовско, удрило во В.А.(28) од с.Ларце-тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово - се посочува во билтенот.
Уште една несерќа во која е повреден малолетник се случила во село Стримница исто така околината на Тетово.
- На 30.06.2023 во 19.35 часот било пријавено дека на локален пат во с.Стримница-тетовско патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.В.(66) од с.Палатица, удрило во малолетен пешак од с.Стримница.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово - се наведува во билтенот.
И покрај броојните контроли и казни, низ земјава секојдневно се случуваат сообраќајни незгоди, во кои има повредени, а вчера и денес имаме и несреќи со жртви.
Вчера во Шуто Оризари во Скопје жиивотот го изгуби малолетничка откако во неа удри автомобил.
Денеска во центарот на Скопје жена на возраст од шеесетишест години почина откако беше прегазена од багер.
