ДВАЈЦА ОХРИДСКИ ЛИХВАРИ НЕЧЕСНО ЗАРАБОТИЛЕ 160 ИЛЈАДИ ЕВРА - Полицијата им поднесе кривична пријава
Двајца охридски лихвари од својата нелегална „дејност“ успеале нечесно да стекнат имотна корист од 158 илјади евра. Заработија кривична пријава од Секторот за внатрешни рабпоти од тој град.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(42) и Н.К.(45), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Двајцата, во периодот од 2021 до 2024 година, договарале и примале и со присилба изнудувале парични средства од лице од Охрид. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 9.715.000 денари (158 илјади евра - н.з.)“, се вели во соопштението од МВР.
Слично
