Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца од повредените во пожарот во Кочани се во тешка состојба

Двајца од повредените во пожарот во Кочани се во тешка состојба

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски денеска изјави дека тројца од повредените во пожарот во кочанската дискотека се на болничко лекување, а двајца се во тешка, но не и во критична состојба.

Ова го кажа по увидот во градежните работи на новото физикално одделение во општата болница во Кочани. 

Двајца од пациентите се на домашнo лекување, а шест повремено одат на контрола во болницата во Софија.

„За неколку дена бројот на повреденени се намали на тројца, двајца се пуштени на домашно лекување, еден се врати од Турција и тој е дома и еден е пуштен на домашно лекување од пластична хирургија во Скопје. Еден повреден е на лекување во Истанбул и двајца се наоѓаат во приватната болница Систина, двајца се во тешка состојба, но не критична. Кај двајца со отворени рани е потребна интервенција и ќе бидат третирани во Кочани. Фондот ги покрива трошоците за контролите на 6 пациенти кои повремено имаат потреба да одат во болницата во Софија каде беа на лекување“, изјави Клековски.

Во меѓувреме пластичен хирург од Белгија дошол во Македонија и прегледал 18 пациенти со изгореници на лицето, рацете и вратот на кои ќе им биде потребен подолг третман. 

На 16 март годинава во пожар во дискотеката Пулс во Кочани, загинаа 62 луѓе, а повредени беа околу 200. 

Слично

Поврзани вести