Двајца од починатите се од Струга: Нови 357 заболени
Во последните 24 часа се направени 3.121 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство. Од новите случаи во Скопје се 140, Кавадарци – 35, Прилеп – 32, Велес – 23, Охрид – 19, Куманово – 14, Тетово – 11, Неготино – 10, Гостивар – 7, Битола и Струга –по 6, Штип, Гевгелија, Берово и Богданци – по 5, Ресен, Делчево и Крушево – по 4, Струмица, Валандово и Кратово – по 3, Кочани, Крива Паланка, Радовиш и Пробиштип – по 2, Кичево, Свети Николе, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.. Регистрирани се 122 оздравени пациенти.
Пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се 2 пациенти од Струга (71г и 67г) и по еден смртен случај е пријавен од Штип (75г), Гостивар (71г) и Скопје (76г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.872, бројката на оздравени пациенти е 87.446, на починати е 2.976, а бројот на активни случаи изнесува 6.450.
Слично
