Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца од групата којашто работеше кај црквата „Св.Петка“ приведени во зградата на Општина Врапчиште

Двајца од групата којашто работеше кај црквата „Св.Петка“ приведени во зградата на Општина Врапчиште

Случувањата околу покренатата акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во атар на Галате не стивнуваат. Попладнево, полицијата приведе две лица, дел од групата што викендов работеше на средување на просторот околу храмот. Приведувањето се случи во објектот на Општина Врапчиште, кадешто граѓаните беа дојдени и инсистираа да остварат средба со градоначалникот Исен Шабани. Тие претходно на влезот на општината ја поставија лентата од градежна инспекција, која пак ја отстранија од локацијата кај црквата, oбјави Гостиварпрес. 

Информација за причините поради кои се приведени се очекуваат од МВР.

Слично

Поврзани вести