Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца млади Македонци загинаа во Италија

Двајца млади Македонци загинаа во Италија

Во сообраќајка во Италија загинаа две момчиња од Македонија. 

Се работи за двајца малолетници, едниот имал 16, а другиот 17 години и со Фиат Пунто се судриле во голф на локален пат во областа Аки Терме, кога врнел силен дожд, соопшти италијанскиот портал Нова Провинчија. Веста ја пренесоа повеќе италијански портали, а кочанската телевизија објави дека С.С. и М.Г. се по потекло од Кочани и од Виница. Момчињата живееле во Ница, а во автомобилот имало уште двајца нивни другари. Момчето што го управувало автомобилот ја добило дозволата само два дена претходно. Возачот на Голфот, 46-годишен маж, пак, од несреќата излегол со полесни повреди.

фото: јутјуб/принтскрин

Слично

Поврзани вести