ДВАЈЦА МАЖИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦA: Едниот ја тепал сопругата, а другиот поранешната сопруга
Во два одвоени случаи во Скопје пријавено е насилство врз жени. Во едниот случај, мажот ја нападнал сопругата, а во другиот случај мажот ја претепал поранешната сопруга. Двајцата се приведени на информативен разговор во полиција.
„На 4 март 2026 во 10:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.К.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 3 март 2026 околу 23:30 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 22-годишна сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во полицискиот билтен.
Во станица заврши и 49-годишен скопјанец со иницијали И.Б кој е пријавен дека на 1 март околу 19:30 часот физички ја нападнал неговата 40-годишна поранешна сопруга.
Деновиве во Скопје се случи трагедија. Жена со мало девојче падна од балкон во Карпош. Сопругот на жената доби 48 часа притвор. Соседите сведочеа дека жената долго трпела семејно насилство, а имало и пријави во полиција против насилникот.
