Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца мажи однеле тетовец во болница, а откако починал го ограбиле

Двајца мажи однеле тетовец во болница, а откако починал го ограбиле

Двајца мажи, едниот од Тетово, а другиот од Албанија ограбиле тетовец откако починал во болница. 

Полицијата поднесе кривична пријава против Е.Р.(26) од Република Албанија, со живеалиште во селото Врапчиште и Х.З.(24) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

„На 14 декември лани во угостителски објект во Тетово, пријавените го забележале Т.Л.М.(71) од селото Вешала, на кој му се слошило и го однеле во Клиничка болница Тетово, каде починал“, соопшти полицијата. 

Притоа, пријавените лажно се претставиле како негови роднини и од него одзеле пари, лични документи и два мобилни телефони и се стекнале со противправна имотна корист од околу 40.000 денари. 

Слично

Поврзани вести