Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца мажи не ја пуштале пејачката да пее во кафеана во Аеродром, едниот ја нападнал

Двајца мажи не ја пуштале пејачката да пее во кафеана во Аеродром, едниот ја нападнал

Двајца мажи не ја пуштале пејачката да пее во кафеана во Аеродром, едниот кажал дека е полицаец и ја нападнал.

Двајца насилници рано утрово предизвикале инцидент во кафеана во скопската општина Аеродром, кога ја спречувале пејачката да работи и му се заканувале на сопственикот. Како што било пријавено, еден од пијаните гости се претставил како полицаец и физички ја нападнал пејачката.

„На 9 април 2026 година во 02:13 часот во СВР Скопје С.К. пријави дека во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром имало нарушување на јавниот ред и мир од страна на две лица. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот, каде што пријавителот појаснил дека двајца мажи ја спречувале пејачката во локалот да работи, а едниот од нив кој се претставувал дека е од полиција, и физички ја нападнал. Исто така, лицата упатувале закани и кон пријавителот“, информира полицијата. 

Полицијата ги уапси Љ.А.(35) и Н.Д.(40) двајцата од Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“. 

Слично

Поврзани вести