Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца македонски доктори ќе се тестираат за коронавирус

Двајца македонски доктори ќе се тестираат за коронавирус

Двајца македонски доктори кои биле во Мадрид на конгрес ќе бидат тестирани на Инфективна клиника за коронавирус, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека докторите биле во шпанската метропола на конгрес, а Македoнија преку Светската здравствена организација била известена дека еден од предавачите на конгресот е позитивен на вирусот Ковид19. Нашите доктори во земјава пристигнале во саботата навечер, биле во контакт само со мал број луѓе и од разговорот со нив било дознаено дека тие воопшто не разговарале со предавачот кој е заразен.Сепак тестовите ќе бидат направени.

На редовната прес конференција, министерот извести дека викендов во државата пристигнале десет автобуси од Италија на Табановце, плус авиони на скопскиот и на охридскиот аеродром.

Сите биле испрашани и никој не потврдил дека доаѓа од ризичен регион и дека не се чувствуваат лошо.

„Инаку единствената пациентка кај која е потврден вирусот е добра, состојбата се стабилизира. Нема нови пациенти кои се јавиле и кај кои е индициран тест за коронавирусот. Изолацијата е добра, нема проблеми и во дел од полицискиот надзор кај лицата кои се дома и во изолација односно епедимиолозите се во редовен контакт со нив. Има доволно тестови – близу 1.000 а досега беа тестирани 13 лица, сите негативни, рече Филипче.

Информираше дека во тек е набавка на дезинфекција за училиштата. Ќе се надополнува резерва и кај нас, за гранични премини. Денеска се отвора постапката, утре ќе се потпише и средстават ќе се поделат по училиштата. 


Слично

Поврзани вести