Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ПРИВЕДЕНИ НА АЕРОДРОМОТ ВО ТИРАНА - не пријавиле колку пари носат со нив, запленета им е голема сума

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ПРИВЕДЕНИ НА АЕРОДРОМОТ ВО ТИРАНА - не пријавиле колку пари носат со нив, запленета им е голема сума

Двајца македонски државјани се приведени на меѓународниот аеродром во Тирана, кај кои биле откриени евра и денари, кои не ги пријавиле.

Maкедонските државјани, кои требало да патуваат за Норвешка, имале поголема сума на пари. Имено кај нив биле откриени и запленети 22.805 евра, 2.600 македонски денари.

Според полициското соопштение кај  лицето А.Ј. (33) биле пронајдени 11.800 евра и 2.600 македонски денари, додека кај  Б.И. (43) 11.005 евра, кои не ги пријавиле.

Процедуралните материјали се предадени до Обвинителството во Тирана за понатамошно постапување. 

Слично

Поврзани вести