Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца кумановци неовластено ја снимале зградата на СВР Куманово, пронајдени се 15 дронови и куршуми

Двајца кумановци неовластено ја снимале зградата на СВР Куманово, пронајдени се 15 дронови и куршуми

Двајца кумановци се под истрага за неовластено снимање со дрон, а полицијата откри 15 дронови, муниција и документација.

Полицијата изврши претреси кај две лица осомничени за незаконско снимање на СВР Куманово. Според информациите на полицијата денеска со судска наредба се извршени претреси во домовите на Д.Х. (47) и Д.Г. (51), како и во просториите на правното лице на едниот од осомничените.

„Претресите беа извршени во рамки на постапка по член 149 и член 152 од Кривичниот законик, откако на социјалните мрежи беа објавени видео записи снимени со дрон, на кои се гледа зградата на СВР Куманово, службени возила, како и физичко обезбедување на настанот по повод празникот 2 Август,“ соопшти МВР.

Во домот на Д.Х. се пронајдени еден дрон, шест куршуми и повеќе нотарски акти и документација, додека кај Д.Г. полицијата открила дури 14 дронови. Сите пронајдени предмети се одземени и ќе бидат предмет на понатамошна истрага.

Слично

Поврзани вести