Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВАЈЦА ИСКУСНИ ПРАВНИЦИ И ДОКТОРИ НА НАУКИ ДА БИДАТ ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРЕН ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - „Пелистерка“ ги предлага Игор Камбовски и Стевчо Јолакоски

ДВАЈЦА ИСКУСНИ ПРАВНИЦИ И ДОКТОРИ НА НАУКИ ДА БИДАТ ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРЕН ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - „Пелистерка“ ги предлага Игор Камбовски и Стевчо Јолакоски

Двајца искусни правници, и доктори на правни науки, се предлагаат да бидат нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола.

Тој предлог го дава акционерот во банката „Пелистерка“, компанија која е најголем поединечен акционер и единствени што поседува над пет отсто во тоа акционерско друштво. Или практично, „Пелистерка“ располага со 66.437 акции во банката, што е рамно на 16,99 отсто од вкупниот број на акции во сопственичката структура на банката. 

За овој предлог акционерот „Пелистерка“ бара да биде ставен на разгледување на акционерското собрание штпо е најавено за 3 јули оваа година. 

Станува збор за д-р Игор Камбовски и д-р Стевчо Јолакоски.

Од предлагачот Пелистерка во својот предлог велат дека предлогот за двајцата членови се базира на нивните знаењеа и искуства, како и на досегашните успешни и професионални ангажмани како членови на надзорни одбори на банки и други правни субјекти. 

За Игор Камбовски, во неговата биографија доставена до акционерите,  е наведено дека тој е доктор на правни науки, редовен професор на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. ВО брак е со Соња Камбовска и има две деца, Владимир Камбовски и Ана Камбовска. 

Од Пелистерка даваат детален опис на богатата биографија и кариерен пат на Камбовски. 

За Стевчо Јолакоски, пак, исто се наведува дека од 2015 година па наваму рабити во министерството за транспорт и врски, позивција Државен советник за патен сообраќај, а главни активности му се Надлежност во внатрешниот и меѓународниот сообраќај на патници и стока, превозот на опасни материи и со инфраструктурата на патиштата во Република Македонија.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести