Двајца градежни работници повредени на работа
Двајца градежни работници се повредени во текот на вчерашниот ден.
Во 10.58 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека во Ургентен центар Скопје е донесен повреден П.Ј. (51) од Скопје.
Тој работел на објект во изградба на ул. „Рузвелтова“ каде паднал од висина и се здобил со тешки телесни повреди.
Во 15.50 часот во ЕИК Скопје, Б.Н пријавил дека на бул. „Никола Карев“, во објект во изградба, С.Б. (22) од Генерал Јанковиќ-Косово паднал од висина.
С.Б. со Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му е укажана лекарска помош и се констатирани тешки телесни повреди.
Полицијата работи на целосно расчистување на случаите.
Слично
