Економија, финансии, бизнис

Контакт

Двајца гостиварци починаа на Инфективна клиника, карантин нема

Двајца гостиварци починаа на Инфективна клиника, карантин нема

Двe лица од гостиварско починаа на Инфективна клиника, потврдија денеска од Клиниката. 

Починатите биле роднини и се на возраст од 50 и 24 години. Карантин во Инфективната клиника немало. 

„Донесени се со висока температура и пролив. Инфекцијата ги зафатила црниот дроб, бубрезите и други органи. Лекарите уште не утврдиле од што се пренесува, но велат нема простор за паника. Се пренесува од животни на луѓе, низок степен на опасност од пренесување од човек на човек“- велат од Инфективната клиника. 

Хоспитализирани се и други четири лица кои се изолирани и се надгледуваат. 

Eден од пациентите починал утрово, а другиот пред три-четири дена.

Слично

Поврзани вести