Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВАЈЦА ГИНЕКОЛОЗИ, ПСИХИЈАТАР, КЛИНИЧКИ ПСИХОЛОГ... - специјална комисија ќе „чешла“ како работела ГАК за случајот со родилката

ДВАЈЦА ГИНЕКОЛОЗИ, ПСИХИЈАТАР, КЛИНИЧКИ ПСИХОЛОГ...  - специјална комисија ќе „чешла“ како работела ГАК за случајот со родилката

По извршениот вонреден инспекциски надзор на ДСЗИ, денес на барање на министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити формирана е комисија за стручен надзор во врска со случајот со родилката Б.М од Скопје, се вели во соопштението одф Министерството за здравство.

„Комисијата за стручен надзор, составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од МЗ има задача да изврши надозр над стручната работа во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во врска со лекарскиот третман на родилката.

По добивање на извештајот  од стручен надзор јавноста ќе биде информирана за констатираната состојба.

Исто така, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно извештајот на ДСЗИ“, се вели во соопштението од Здравство.

Како што објавивме вчера, државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) соопшти дека на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство - Скопје (ГАК) е констатиран пропуст во делот на реализирање на конзилијарните прегледи побарани во два наврати за родилката која пред неколку дена имаше обид за самоубиство. 

На Универзитетската клиника за психијатрија не се констатирани недостатоци по однос на организацијата на работа на функционирање на клиниката во услови на постапка за реновирање. 

Слично

Поврзани вести