ДВАЈЦА ГЕВГЕЛИЧАНИ ЗАВРШИЈА СО ПОВРЕДИ ПО СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА - Моторцикл се судрил со голф
Жител на Давидово - Гевгелија е тешко повреден во сообраќајна незгода која се случила меѓу моторцикл и автомобил.
Подобелиот крај го извлекол возачот на моторциклот А.Т. (29) кој се здобил со тешки телесни повреди, но со повреди се здовил и неговиот сопатник А.С.
- На 01.07.2023 во 19,40 часот било пријавено дека во с.Давидово, гевгелиско се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „сузуки“ без регистарски ознаки, управуван од Г.Р.(27) од с.Давидово, и патничко моторно возило „голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(29) од с.Давидово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот А.Т., а со телесни повреди се здобил сопатникот на мотоциклот А.С.. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гевгелија - се наведува во билтенот.
