Двајца емигранти загинати во сообраќајка кај Бучим, возачот побегнал
Страшна сообраќајка се случила вчера попладне околу 16:40 часот на магистралниот пат Радовиш - Штип во близина на рудникот Бучим, при што две лица загинаа, а 17 се повредени,.
- Собраќајката се случила кога товарно возило марка „ивеко“ во кое се превезувале мигранти од Бангладеш и Шри Ланка удрило во ограда од мост. Возачот избегал од местото на несреќата, соопшти СВР Струмица.
Според нивните информации 11 од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, а шест во Општата болница во Радовиш.
Според полицијата, има индиции дека бројката на мигранти во товарното возило била поголема, но оти тие избегале по несреќата.
Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот е нормализиран во двата правци вечерта околу 20.30 часот.
