ДВАЈЦА БЕЗ ТРОЈЦА: Пратениците ја „игнорираат“ обвинителката Катица
Двајца без тројца. Вака народски кажано може да се опише моменталната ситуација во обраниската сала каде што се одржува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Токму таму специјалната јавна обвинителка речиси пред празна сала го презентира извештајот за шестмесечното работење на СЈО.
Ова е трет пат како пратениците не доаѓаат да го слушнат излагањето на обвинителката која ги чекаше повеќе од 20 минути за да им образложи што сработило ова обвинителство и со какви предизвици се соочуваат.
Претседателот на Комисијата за политички систем Александар Кирацовски е присутен во салата додека обвинителката го почна образложението.
ФОТО: ФАКТОР
Слично
