Двајца Американци кршеле во локал и сакале да го тепаат газдата
Американци се уапсени во Скопје, затоа што дивееле во локал и сакале да го тепаат сопственикот.
Двајца млади се уапсени вчера рано наутро во скопската населба Козле, откако кршеле во угостителски објект и се обиделе да се пресметаат со сопственикот.
„На 06.12.2021 во 02.00 часот на ул.„Миле Поп .Јорданов” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Ф.(30) и Е.Џ.Ш.(27), двајцата од САД, затоа што претходно се однесувале агресивно и оштетиле дел од инвентарот во угостителски објект на наведената улица, а се обиделе и физички да го нападнат сопственикот“, стои во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
