Дваесетина села во Македонија без струја поради дефект, денеска повеќе населени места ќе бидат исклучени
Од ЕВН – Македонија известуваат дека поради дефект на 10 киловолтен далновод од саботата без електрична енергија се корисниците од селата: Горно и Долно Количани, Црвена Вода, Палиград, Алдинци, Караџица, Цветово и Солунска Глава (општина Студеничани), како и од селата Брест, Танушевци и Малино на Скопска Црна Гора (општина Чучер Сандево);
Од вчера се уште без електрична енергија се селата:Осинчани, Елово, Малчиште – Црн Врв - ловиште Јасен (општина Студеничани и Сопиште), како и Сушица, Дивље, Долно Коњари, Горно Коњари, Живиње (општина Петровец);
Од ЕВН Македонија известуваат дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
• во период од 09:00 до 11:00 часот ќе останат корисниците лоцирани помеѓу населените места Пирава и Јосиофово (општина Гевгелија);
• во период од 09:00 до 10:00 часот корисниците од дел од улиците Ѓорѓи Абаџиев и Боро Петрушевски (општина Центар).
На ден 14.12.2021 година без електрична енергија ќе останат:
• во период од 08:00 до 09:00 часот ќе останат корисниците од дел од ул.8-ми Март (општина Охрид);
• во период од 09:00 до 14:00 часот ќе останат корисниците од дел од ул.Мара Угриноска кон Готекс (општина Гостивар);
• во период од 08:30 до 15:30 часот корисниците од бул.АСНОМ згради бр.44, 48, 50 и 54 (општина Аеродром);
• во период од 12:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците од дел од ул.Благоја Стефковски (од потегот ул.Никола Киров Мајски до ул.Париска Комуна) (општина Гази Баба);
• во период од 08:00 до 10:00 часот корисниците од улиците Веле Змејкоски и Гоце Делчев во околина на стар Агрокоп (општина Кичево);
• во период од 09:30 до 14:00 часот ќе останат корисниците од ул.Пат за Батинци - Интер Монди Скопје (општина Студеничани);
• во период од 10:00 до 13:00 часот корисниците од дел од с.Пагаруша (општина Студеничани);
• во период од 09:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците од ул.11-ти Октомври и дел од ул.Илинденска (општина Велес);
• во период од 12:00 до 15:00 часот корисниците од дел од с.Банско (општина Струмица).
