Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дваесет и шестгодишник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец

Дваесет и шестгодишник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец

Синоќа, на 30 минути по полноќ, 26 годишник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец, соопшти полицијата.

„На 06.12.2025 во 00:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата од ул.„Илинденска“ со бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар патничко возило „јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(26), удрило во пешакот Р.Ј.(28), двајцата од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар“, велат од МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.


Слично

Поврзани вести