Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дваесет и една идеја за основно училиште во Капиштец

Дваесет и една идеја за основно училиште во Капиштец

21 проект се пријавени на  конкурсот за идејно решение за новото основно училиште во скопкста населба Капиштец, што го објави општина Центар.

- Жири-комисијата почна со разгледување на проектите и првичната оценка е дека има голем број добри и издржани решенија кои ги задоволуваат просторните потреби и естетските критериуми. По деталното разгледување и изборот на најдоброто решение, сите пристигнати проекти ќе бидат ставени на увид на јавноста со организација на изложба и подготовка на каталог, се вели во соопштението од општина Центар.

Новото училиштето ќе биде наменето за 500 ученици со 20 училници, кабинети, фискултурна сала, надворешни терени, простории за настава на отворено и со многу зелени површини.

Во населбата Капиштец досега немаше основно училиште, иако се работи за населба  со 5.000 жители.

Слично

Поврзани вести