Два земјотреси регистрирани со епицентар во Македонија
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава во 08 часот и во 8 часот и 15 минути регистрираше два земјотреси во околината на Штип.
Епицентрите се наоѓаат 77 километри југоисточно од Скопје, а нивните Рихтерови магнитуди изнесуваат 3.1 на првиот и 2.7 на вториот земјотрес.
Беа почувствувани од населението во Штип и околината со интензитет од 3 степен, според Европската макросеизмичка скала.
Слично
