Два воза на Македонски железници удриле во камења поставени на пруга
Два патнички воза удриле во камења поставени на пругата меѓу Браилово и Слепче. Во несреќите нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.
Според информациите на полицијата, првата несреќа се случила вчера околу 13,50 часот кога патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, удрил во камења на пругата кои биле поставени од непознати лица. Од ударот предизвикано е оштетување на браникот на возот, но истиот не застанал, односно го продолжил движењето.
Потоа истиот ден околу 19,05 часот патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола, удрил во камењата на пругата, но од ударот не била предизвикана материјална штета.
Слично
