Економија, финансии, бизнис

Контакт

Два угостителски објекти не ги почитувале препораките на Владата

Два угостителски објекти не ги почитувале препораките на Владата

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев претпладнево информира дека во координирана контрола на полицијата и Државниот пазарен инспекторат било констатирано дека во текот на вчерашниот ден два угостителски објекти во земјата не ги почитувале препораките на Владата. Во координација се извршени 483 контроли на угостителски објекти.

„Министерството за внатрешни работи во континуитет презема мерки за контрола на почитување на одлуките на владата поврзани со справување со пандемијата од Ковид 19. Од страна на полициските службеници до сега констатирани се вкупно 5279 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 585 прекршоци во изминатото деноноќие“, објави Чулев.

Изминатото деноноќие на вкупно 337 лица им се издадени решенија на изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација. Во државен карантин спроведени се 118 лица. Не биле евидентирани прекршоци кај овие лица.


Слично

Поврзани вести