Економија, финансии, бизнис

Контакт

Два телефони се одземени од Канческа Милевска

Два телефони се одземени од Канческа Милевска

Околу десет часа траел претресот во домот на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска, објави ТВ 24, при што и биле одземени два мобилни телефони и компјутер.

Едниот бил приватен, а другиот службен од Собранието, што го користела половина година.

Одземениот компјутер е сопственост на нејзиниот син.

Информацијата за ТВ 24 ја потврдил адвокатот на Канческа Милевска, Сашо Дуковски. Од СЈО и од МВР не откриваат никакви детали за денешниот претрес.

Слично

Поврзани вести