Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВА СЛУЧАИ НА НАСИЛСТВО: Син ја тепал мајка си за пари, а друг ја влечел заглавена во врата од автомобил

ДВА СЛУЧАИ НА НАСИЛСТВО: Син ја тепал мајка си за пари, а друг ја влечел заглавена во врата од автомобил

Два случаи на насилство се регистрирани во Скопје, во кои синовите ги тепале мајките. 

Првиот  инцидент се случил кога 34-годишен маж агресивно побарал пари од својата мајка, а кога таа одбила да му даде, почнал немилосрдно да ја удира и да ја тресе, упатувајќи ѝ закани дека секојдневно ќе ја тепа додека не му обезбеди пари.

Во вториот случај во Петровец, 24-годишен син се заканил на мајка си со физички напад, ја приклештил нејзината рака со вратата од автомобилот и дал гас, влечејќи ја жената додека таа трчала покрај возилото за да се спаси. 

Основното јавно обвинителство Скопје поведе соодветни постапки за кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“.

„Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица за кривично дело – Телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство врз сопствените мајки. Во првиот случај, осомничениот 34-годишник, на 25 јули во вечерните часови, барал пари од неговата мајка… почнал агресивно да ја обвинува… почнал да ја удира со тупаници по главата и телото… Во друг настан, за истото кривично дело е осомничен 24-годишник од Петровец, кој на 25 јули попладнето во семејниот дом ја нападнал физички својата мајка… Раката на оштетената останала приклештена со вратата, а осомничениот почнал да вози…“, соопштија од ОЈО Скопје.

Постариот насилник и претходно е осудуван за исти кривични дела, и за него обвинителството бара ефективен притвор,  додека за помладиот се предложени мерки на претпазливост и забрана за приближување.

Полициските билтени секојдневно се полни со пријави за семејно насилство. 

Слично

Поврзани вести