Економија, финансии, бизнис

Контакт

Да се одземат пасоши на двајца осомничени во „Тендери“ - бара СЈО

Да се одземат пасоши на двајца осомничени во „Тендери“ - бара СЈО

Специјалното јавно обвинителство вчера до Основниот суд Скопје поднело предлог на две осомничени лица од случајот „Тендери“ да им се одземат пасошите и секој вторник во 10 часот да се јавуваат во судот .  

Одземање на пасошите се бара затоа што постојат околности што упатуваат на тоа дека лицата може да ја напуштат земјава.

„Воедно, за двете осомничени лица е побарано определување и мерка претпазливост одземање на патна исправа, поради постоење на околности кои упатуваат на опасност од бегство“- се вели во соопштението од СЈО. 

„Тендери“ е една од двете нови истраги што СЈО ја објави вчера, а се однесува за изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност и Музејот на жртвите од комунистичкиот режим.

Градежните работи врз овој објект биле извршени без да се спроведе јавна набавка. Осомничените се товарат дека со злоупотреба на службената положба го оштетиле државниот буџет. 

Од Министерство за култура на „Бетон“, заклучно со  31 декември 2013 година, му биле исплатени 54.501.336 денари, соопштија вчера од СЈО. 

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска вчера ги негираше овие наоди и ги нарече „рекла-казала“. 


Слично

Поврзани вести