Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пожари пеплосаа станови во два македонски града

Пожари пеплосаа станови во два македонски града

Два пожари пеплосаа станови во Берово и Гевгелија. 

На улица „Ристо Чавдаров“ во 11:20 часот денеска беше пријавен пожар на стамбената зграда со уличен број 25. Екипа на ТППЕ од Гевгелија со две возила и четворица пожарникари веднаш интервенирале. Кат од зграда изгоре, а повредени нема.

Пожарот пред два дена се случи во социјалната зграда во Берово, и без покрив над главата остави две семејства. Целосно е пеплосан еден стан, додека на вториот целосно е изгорена кровната конструкција. Се претпоставува дека причина за пожарот во становите во поткровјето е неисправна електрична инсталација.

Слично

Поврзани вести