Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДВА МИЛИОНИ ЕВРА ЗА БЕГАЛЦИТЕ ОД УКРАИНА - Владата парите ќе ги префрли на СОЗР за да обезбеди хотелско сместување и други услуги

ДВА МИЛИОНИ ЕВРА ЗА БЕГАЛЦИТЕ ОД УКРАИНА - Владата парите ќе ги префрли на СОЗР за да обезбеди хотелско сместување и други услуги

Владата на денешната седница го задолжиla Министерството за финансии да обезбеди финансиски средства во износ од 120 милиони денари, односно околу два милиони евра, за организирање и обезбедување на хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓаните од Украина кои како бегалци од воените жаришта би пристигнале во нашата земја.

Овие средства ќе бидат префрлени на Службата за општи и заеднички работи, која е задолжена за реализација на овие активности. 

На денешната седница Владата ги утврдила и измените и дополнувањата на Законот за социјалната заштита за исплата на еднократен додаток за корисниците на гарантирана минимална помош, за да се ублажат последиците од економската криза и ценовниот шок предизвикани со пандемијата од КОВИД-19, како и од енергетската криза, во висина од 1.000 денари за месеците март, април и мај 2022 година, за најранливите категории граѓани.

Слично

Поврзани вести