ДВА МЕСЕЦИ ЌЕ ИМА ЗАСТОЈ: Дел од товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Солун излетал од шините
Дел од товарен воз кој сообраќал на релација од Гевгелија за Солун излетал од шините, a линијата може да остане затворена два месеци. Нема информации за повредени меѓу персоналот на возот или случајни минувачи.
Товарен воз излета од шините вчера доцна навечер во областа Кукуш во северна Грција додека се движел на релација Гевгелија-Солун, која ја поврзува Грција со Северна Македонија, пренесува „Катимерини“.
Ударот на инцидентот предизвика значителна штета на пругата во должина од приближно 4 километри. Ќе се вршат поправки, а во меѓувреме прекуграничните рути ќе бидат пренасочени преку Бугарија.
Hellenic Train приватниот оператор на грчкиот железнички систем е под зголемен правен и политички притисок по трагичниот судир на возот во Темпи во февруари 2023 година, едно од најтемните поглавја во историјата на компанијата, што резултираше со 57 жртви и голем број повредени.
Hellenic Train е купен од италијанската Ferrovie dello Stato Italiane во 2017 година.
